Закажи термин

Новогодишните фотосесии за оваа сезона завршија. Погледнете ги другите услуги

Новогодишна фотосесија

Ѕирнете во новогодишните сетапи што ве очекуваат оваа година во PeekA’Boo Photography. Подготвивме празнична магија за најубавите детски и семејни фотографии!

Новогодишните сетапи

Ве очекуваат убави изненадувања!

Во пакетот за новогодишната фотосесија ќе добиете и картички со попусти од повеќе брендови. Погледнете кои брендови се дел од овогодинешната празнична приказна!

    Што вклучува пакетот?

    • 45минути времетраење
    • 2различни новогодишни позадини
    • 30професионално обработени фотографии во дигитален формат
    • 15испечатени фотографии
    • 25подарок картички со попуст од наши брендови

    Пакетот е наменет за мама, тато и децата, а доколку сакате да го вклучите и вашето милениче, тоа е можно по претходна консултација.

    Закажи термин

    Цена 4.800денари

    Пред да дојдете на вашата новогодишна фотосесија, ве замолувам да ги прочитате правилата за фотографирање. Така ќе си помогнеме сите да имаме убаво искуство и да ја зачуваме празничната магија во најубавите фотографии.

    Пред да дојдете на фотосесија, ве молам да го прочитате краткиот правилник:

    1. 1. Почитувајте го резервираниот термин

      Ве молам да дојдете точно на време. Секое доцнење ќе биде одземено од времетраењето на вашата фотосесија, бидејќи по вас може да има друго семејство со резервиран термин. Не сакам да го скратувам времето за фотографирање, но морам да ги почитувам сите клиенти.

    2. 2. Подгответе ги децата пред доаѓање

      Доколку децата се доволно големи за да разберат, објаснете им дека ќе одиме во студио да се играме, да се забавуваме и да правиме убави фотографии. Не мора да позираат ниту да бидат совршено мирни, најубавите моменти често се случуваат спонтано.

    3. 3. Обувки и облека

      Во студиото се фотографираме со чисти обувки или боси. Слободно понесете и новогодишни чорапчиња за дополнителен празничен момент.

    4. 4. Ги чуваме декорациите и реквизитите

      Ве замолувам да внимавате на децата додека се движат низ студиото и да им помогнете да ги почитуваат декорациите и реквизитите. Секој детаљ е внимателно избран и поставен за да ја создадеме празничната атмосфера, па сакаме да остане зачуван и за следните семејства.

    5. 5. Не брзаме – имаме време за адаптација

      Фотосесијата се одвива низ игра, смеа и забава. Децата понекогаш имаат потреба од неколку минути за да се навикнат на просторот, фотографот и новата околина, и тоа е сосема нормално. Во предвидените 45 минути ќе направиме простор и за адаптација и за фотографирање.

    6. 6. Фотосесии со миленичиња

      Вашите миленичиња се добредојдени на фотосесиите! Доколку сакате да го вклучите и вашиот крзнен член на семејството во фотографирањето, тоа е сосема возможно.

      Ве замолувам претходно да ме контактирате за да се договориме и да ви објаснам подетално околу организацијата, бидејќи фотосесиите со миленичиња се закажуваат во посебни термини.

      Исто така, важно е миленичињата да бидат навикнати на престој во затворен простор, да имаат стекнати хигиенски навики и да бидат соодветно социјализирани, за да можеме да обезбедиме пријатна и безбедна атмосфера за сите, без непредвидени ситуации или непријатности.

    За крај, една мала, но важна молба од нас:

    Од искуство, најчесто кога се брзаме и се грижиме дали ќе стигнеме да направиме сѐ, токму тогаш времето ни станува најголемиот непријател. Затоа, ве молам да пристигнете навреме, да ги оставите грижите пред вратата и да си дозволите да уживате во моментот со вашите најмили.

    Не бараме совршено мирни деца, совршени насмевки или совршено позирање. Сакам да создадеме фотографии што ќе ве потсетуваат на вашето семејство токму такво какво што е сега.

    Со нетрпение ве очекувам во PeekA’Boo Photography!

    Резервирајте го вашиот термин

    Закажи термин