Правно
Политика на приватност
Кои податоци се собираат преку овој сајт, што се случува со фотографиите од сесиите и кои права ги имате.
Последна измена: 15 септември 2026
Кој ги обработува податоците
Peek A'Boo Photography, фотографско студио од Скопје. Контакт за прашања поврзани со приватноста: е-маил.
Регистриран субјект: Фотографско студио Пик А Бу Фотографи Александра Делче Ѓуроска - Скопје, ЕДБ 50440255030961, со седиште на ул. Мечкин Камен бр. 23/2, Скопје.
Што собира самиот сајт
Ништо. Овој сајт нема формулар за контакт, нема кориснички сметки, нема аналитика и не поставува колачиња за следење.
Сепак, важно е да знаете две нешта: фонтовите на сајтот се вчитуваат од Google Fonts, а на страницата Контакт има вградена карта од Google Maps. При нивното вчитување вашата IP адреса стигнува до серверите на Google, исто како при отворање која било страница што ги користи, а картата може да постави и колачиња на Google според неговите правила. Тоа е техничка последица од вчитувањето на фонтовите и картата, не е следење од страна на студиото.
Кога ќе ме контактирате
Контактот оди преку Instagram, Facebook, Viber, телефон или е-маил. Тие пораки се чуваат кај соодветната платформа според нејзините правила, и кај мене во историјата на разговорот. Од нив ги користам само податоците што сами ги давате, за да го договориме терминот: име, начин за контакт, датум и што сакате да се фотографира.
Овие податоци не се продаваат, не се споделуваат со трети лица и не се користат за реклами.
Фотографиите од сесиите
Фотографиите од сесија се лични податоци, а кога на нив има деца се особено чувствителни. Затоа важат следниве правила:
- Фотографиите ги добивате вие и се ваши за лична употреба.
- Ниту една фотографија не се објавува на сајтот, на Instagram, на Facebook или каде било јавно без ваша претходна согласност. Согласноста се бара посебно, не е дел од закажувањето.
- Согласноста може да ја повлечете во секое време. Фотографијата тогаш се тргнува од сајтот и од профилите на студиото. Тргање од туѓи преземања и споделувања не е технички можно и тоа треба да се знае однапред.
- Фотографиите не се даваат на трети лица и не се користат за реклами на други фирми.
Колку долго се чуваат
Фотографиите се чуваат во рок од 6 месеци по испраќањето кај клиентот.
Вашите права
Според Законот за заштита на личните податоци имате право да прашате кои ваши податоци се обработуваат, да побарате исправка, да побарате бришење и да ја повлечете дадената согласност. Доволно е да ми пишете на е-маил или преку кој било од контактите на страницата Контакт.
Промени на оваа политика
Ако нешто во начинот на работа се промени, се менува и овој текст, а датумот на врвот се ажурира.